КОХЛЕАРНИ ИМПЛАНТИ
Откако основачите на MED-EL го создадоа еден од првите кохлеарни импланти во светот , во 1975 година, тие воспоставија врвна истражувачка традиција која континуирано ги развива напредните технолошки решенија поврзани со проблемот на оштетен слух кај луѓето. MED-EL нуди решенија со имплантни системи за различни степени на оштетеност на слухот, вклучувајќи кохлеарни и импланти за средно уво, импланти за електро-акустична и мозочна стимулација.
Прочитај повеќеОсознајте го проблемот на оштетен слух
Нашите уши се постојано вклучени, како и сите звуци околу нас. Ѕвонењето на мобилните телефони, говорот на луѓето, лаењето на кучињата, сообраќајниот метеж, птиците .....Опкружени сме со толку многу звуци, но дали можеме лесно да ги идентификуваме? Застанете за миг и слушнете го светот околу вас.
Прочитај повеќеЗапознајте ги нашите најмлади херои, кои благодарение на најновата технологија на австрискиот производител на кохлеарни импланти, MED-EL, ќе бидат во можност да ги искусат новите предизвици во животот исполнет со звуци. Со својот докажан квалитет, тие се секојдневно решение за уникатните потреби на слухот на вашето дете. MED-EL кохлеарните импланти нудат најдобри перформанси во слушањето за активната иднина на вашето дете. Посветеноста на MED-EL кон децата со оштетен слух се протега и надвор од границите на имплантацијата.