Јавете се веднаш на +389 2 307 60 61

Познати и силни жени со оштетување на слухот и тинитус

Губењето на слухот е честа појава и кај многу луѓе се јавува во подоцнежните години или во текот на животот од различни причини.

Но, за многумина, стигмата поврзана со носење на слушни помагала може да ги доведе до тоа да го игнорираат својот проблем и покрај тоа што во последните години технологијата за слушни помагала толку е напредната што тие се супердискретни и високо сензитивни.

По повод Меѓународниот ден на жената ви претставуваме три познати и силни жени кои имаат оштетување на слухот и кои јавно зборуваат за тоа, со што учествуваат во подигањето на свеста за соодветно третирање на проблемите со оштетувањето на слухот.

Глумицата Хали Бери, пред да ја доживее својата холивудска слава, при случај на домашно насилство изгубила 80% од слухот на едното уво. Секако, оштетувањето на нејзиниот слух не ѝ ускратило ништо од постигнувањата во нејзината актерска кариера. Дополнително, таа е голем застапник во подигањето на свеста како за оштетувањето на слухот така и за домашното насилство.

Барбара Стрејсенд, пак, живее со тинитус од деветгодишна возраст. Оваа состојба не ја спречи да изгради многу успешна кариера во музиката. Зборувајќи за својот проблем, вели дека слуша постојан звук во нејзините уши, кој, како дете, пред да биде дијагностицирана, се обидувала да го придуши со марами. Со текот на времето успеала да најде начин да ја контролира оваа состојба, за да не ѝ причинува проблем во секојдневната работа и музичката кариера.

Вупи Голдберг е исто така позната дека јавно зборува за тоа дека носи слушни помагала поради тешко оштетување на нејзиниот слух. Според неа, најверојатно, годините поминати во слушање на гласна музика се причината за губењето на нејзиниот слух. Па, затоа предупредува внимателно да се употребуваат направите со слушалки за уши, бидејќи можат да предизвикаат оштетувања на слухот при предолго и прегласно користење.

 

Copyright © 2016 Sluh 1 . All rights reserved.   developed by infinitysolutions