Јавете се веднаш на +389 2 307 60 61

Каков ќе биде слушниот апарат во иднината?

Технологијата за слушни апарати постојано еволуира и во краток период од неколку стотици години работите многу бргу се смениле. Па не можеме а да не си го поставиме прашањето: како слушните апарати би изгледале за сто години од сега?

Краток преглед на историјата на слушните помагала

Историјата на слушните помагала ја има еволуцијата на технологијата како паралелен процес. Првите слушни помагала, почнувајќи од праисторијата до технолошката револуција, вклучувале методи и апарати како: дланка поставена зад увото, рогови од животни или ушни труби во 18-тиот век. Работите нагло се смениле со пронаоѓањето на телефонот. Но, сепак, до средината на 20-тиот век и употребата на транзисторот, слушните апарати биле гломазни и тешки. Технологијата на транзисторот овозможила да се направи првиот апарат во едно парче. Брзината на промените од тогаш се зголемува и за кратко време дигиталните технологии на денешното време вршат пресудно влијание во изгледот и ефикасноста на слушните помагала какви што ги знаеме денес. До 2000 година, слушните апарати веќе можат да се програмираат. А само пет години подоцна, дигиталните слушни апарати заземаат 80% од пазарот.

Слушните помагала денес

Денеска, слушните помагала се речиси невидливи, многу моќни и доаѓаат во цел опсег на големини, способности и дополнителни карактеристики, како батерии кои се полнат или Блутут конекција.

Оштетувањето на слухот има историја долга колку историјата на човештвото, а технолошкиот напредок на слушните помагала ги прави сѐ подостапни и поефективни. Но, сепак, сѐ уште, многумина кои имаат потреба од слушно помагало не ги користат.

Иднината на слушните помагала

Следејќи го збиениот развој на технологијата на слушните помагала во последните децении, можеме само да замислуваме во која насока тие би се развивале во наредните децении. Исто така, имајќи на ум дека современиот начин на живот продуцира сѐ повеќе бучава, грижата за слухот и свеста за потребата од носење на слушни помагала би била најбитната сфера на која треба да работиме во иднина.

Copyright © 2016 Sluh 1 . All rights reserved.   developed by infinitysolutions