Јавете се веднаш на +389 2 307 60 61

Здрава храна за здрав слух

Кога станува збор за одржување на вашиот слух во добра состојба, постојат голем број препораки со цел да се намали или одложи губењето на слухот.

Една таква сугестија е правилната исхрана која освен што има бенефит за секоја здравствена состојба, помага и за одржување на добар слух. Научни студиите покажуваат дека консумирање на следните 5 состојки во исхраната може да го намалат или одложат губењето на слухот:

Фолати

Истражувањата покажуваат дека фолатите, исто така познати како фолна киселина во синтетичка форма, може да ја намалат можноста за губење на слухот во староста. Фолатите се наоѓаат во џигер, спанаќ, аспарагус, брокула, наут и леќа, како и во збогатените житни производи, односно житарки. Уште еден начин за задоволување на потребата на фолати е земање на додаток на витамин Б9 или витамин Б комплекс.

Омега-3 масни киселини

Учесниците во едно истражување кои консумирале две порции храна полна со Омега-3 имале 42 проценти помалку шанси да се соочат со проблемот на оштетен слух. Научниците веруваат дека Омега-3 го одржува протокот на крв до Вашето уво. Рибата е богата со Омега-3.

Магнезиум

Една студија од 300 учесници откри дека оние кои секојдневно консумирале пијалак богат со магнезиум имале подобар слух, иако работеле во бучни средини. Храната богата со магнезиум вклучува  банани, путер од кикирики, компири, артичоки, бадеми, црн грав и кафеав ориз.

Калиум

Ниското ниво на калиум во организмот може исто така да се поврзе со слабиот слух . За да го зголемите внесот на калиум јадете храна како кајсии, банани, млеко и суво грозје.

Витамини Ц и Е

Двата витамини имаат антиоксидантна сила која спречува оштетување на здрави клетки поврзани со слухот. Витамините Ц и Е може да ги вклучите во Вашата исхрана преку агруми, бадеми, сончогледово масло или путер од кикирики. Ова можеби не е доволна количина за секој поединец, па затоа, потребно е да се внесуваат и витамински додатоци.

 

Преземено од: https://www.southwesternhearing.com/5-foods-that-help-with-hearing/