Јавете се веднаш на +389 2 307 60 61

Совети за Ноќ на вештерките

Кој е Вашиот омилен дел од Ноќта на вештерките? Вашите деца во костим? Кофите со бонбони или можеби страшната музика и украсите? Ноќта на вештерките е празник кој е забавно да се прославува, и е особено интересен за децата, бидејќи тие уживаат во забавата. Но, исто така е важно да се има предвид безбедноста, особено доколку имате оштетен слух или носите слушни помагала. Еве неколку едноставни совети кои ќе Ви помогнат да го извлечете максимумот од оваа забавна ноќ:

1.Проверете ги Вашите слушни помагала

Пред да заминете од дома, проверете дали Вашите слушни помагала се целосно наполнети. Доколку немате слушни помагала на полнење, понесете со Вас резервни батерии. На тој начин, ќе Ваште помагала ќе работат со полн капацитет и Вашето слушање ќе биде со полна јачина.

2.Планирајте го Вашиот костим

Костимите за Ноќта на вештерките се веројатно еден од најдобрите делови на овој празник, но може да предизвикаат потешкотии со Вашите слушни помагала. Доколку размислувате за костим со капа и прекривка на лицето, внимавајте да не ги покриете слушните помагала, за да можете подобро и појасно да слушате. Доколку употребувате бои за лице, бидете претпазливи да не ги допрете слушните помагала за да не ги оштетите.

3.Размислете за додаток за слушното помагало

Слушните помагала имаат можност за додаток , кабел, кој се прикачува на Вашата облека, со цел помагалото да остане при Вас. На овој начин, ќе се осигурате дека нема да го изгубите Вашето помагало.

4.Проверете ја временската прогноза

Сите знаеме дека влагата може да предизвика компликации со слушните помагала. Проверете го времето пред да заминете од дома и понесете чадор доколку постои најава за дожд.

 5.Носете заштита за уши

Ако присуствувате на забава на Ноќта на вештерките или на други свечености, обрнете внимание на нивото на бучава. Можеби е добра идеја да понесете со Вас тампони за уши доколку има гласна музика.