Јавете се веднаш на +389 2 307 60 61

Сакате да го подобрите Вашето расположение? Проверете го Вашиот слух!

Многу фактори придонесуваат за добро ментално здравје, а решавањето на проблемот со оштетениот слух е едно од нив.

Истражувањата покажуваат дека луѓето со оштетен слух кои користат слушни помагала имаат помалку депресивни симптоми, поголем социјален ангажман и подобрен квалитет на живот од луѓето кои одбиваат да носат слушни помага.

Што знаеме за нетретираниот оштетен слух и расположението?

Истражувањата покажуваат дека губењето на слухот честопати се поврзува со други физички, ментални и емоционални здравствени пробелеми кои го намалуваат квалитетот на животот. Поврзаноста помеѓу губењето на слухот и депресијата е најчеста. Затоа, некои експерти веруваат дека специјалистите за слух имаат важна улога во промовирањето на доброто ментално здравје кај луѓето со оштетен слух.

Среќа и слушни помагала: Дали постои поврзаност?

Испитувањето на слухот и користењето на професионално и правилно подесени слушни помагала е важен момент за луѓето со оштетен слух. На тој начин, тие го олеснуваат стресот поврзан со интензивниот напор за слушање и го заштитуваат квалитетот на живење и менталната благосостојба.

5 добри причини да го испитате Вашиот слух

Истражувањата покажуваат дека решавањето на проблемот со оштетениот слух го подобрува квалитетот на животот. Еве некои од придобивките кои ги чувствуваат многу луѓе кои користат слушни помагала:

−Позитивен изглед

–Исполнет живот

−Посилни врски

−Подобрени комуникации

−Решителност и посигурен став за работите

FaLang translation system by Faboba

Copyright © 2016 Sluh 1 . All rights reserved.   developed by infinitysolutions