Јавете се веднаш на +389 2 307 60 61

Основен водич за батериите на слушните помагала

Батеријата е основен дел од секое слушно помагало, бидејќи ја обезбедува моќноста на апаратот. Овој водич нуди информации за тоа како да добиете најдобри перформанси од вашите Rayovac батерии.

Како работат батериите на слушните помагала

Батериите на слушните помагала, најчесто користат цинк-воздух технологија, односно, тоа се батерии чија активна состојка е воздухот од атмосферата. Откако ќе се отстрани лепенката на батеријата, воздухот навлегува во батеријата преку четири мали отвори и ја полни, односно активира.

Време на активација

Откако ја остраните лепенката, батеријата треба да отстои околу една минута пред да ја поставите во помагалото, бидејќи на батеријата и е потребно малку време за да навлезе потребната количина на воздух. Доколку веднаш ја поставите батеријата во слушното помагало, постои ризик да се ограничи количеството на воздух потребно за правилна работа и на тој начин батеријата може да делува дека е празна, односно нема да го достигне потребното ниво на напон за стартување на помагалото. Во ваков случај, извадете ја батеријата и почекајте една минута, па повторно ставете ја во помагалото.

Трајност на батеријата

Честопати корисниците се заинтересирани за трајноста, или колку долго трае една батерија за слушно помагало. Трајноста на батериите зависи многу од видот батериите, типот на помагалото, како и од јачината на која е подесено истото. Во просек, батериите со големина 10 и 312 траат од 3-10 дена, големина 13 од 6-14 дена и големина 675 од 9-20 дена. За подобри перформанси и трајност на батериите, водете се по следните совети:

-Чувајте ги батериите на собна температура

-Не ги чувајте батериите до извори на топлина, бидејќи тоа ја намалува нивната трајност

-Батериите не смеат да се чуваат во ладилник

-Батериите треба да се чуваат во оригиналното пакување, а не слободно во џеб, бидејќи металните предмети може да предизвикаат нивно истекување

-Одлепете ја налепницата од батеријата само доколку планирате да ја ставите во вашето слушно помагало, бидејќи со самото одлепување батеријата почнува да работи и да се троши

Copyright © 2016 Sluh 1 . All rights reserved.   developed by infinitysolutions