Јавете се веднаш на +389 2 307 60 61

Што го предизвикува тинитусот?

Постојат повеќе причини кои водат до појавата на тинитус (зуење во ушите), но, најчесто тоа е изложеноста на бучава. Долгогодишната работа во бучна средина, без употреба на специјална заштитна опрема, го зголемува ризикот од развој на тинитус, како и од губење на слухот.

Честата употреба на MP3 плеери, свирење на музички инструменти, настапување и посета на концерти, можат, исто така, да доведат до појава на тинитус. Постарите рок-ѕвезди, откако поминале години пред гигантските звучници без заштита на слухот, обично страдаат од тинитус. Публиката на концертите, изложена на високи нивоа на бучава, е исто така во опасната зона. Секогаш е препорачливо да се користат тампони за уши, при посета на концерти или учество во други бучни активности.

Секој може да страда од тинитус после изложување на прекумерна бучава. Доколку тоа се случи, препорачливо е да побарате потивко опкружување или да носите заштита за ушите.

Користете заштита за уши

Тампоните за уши или друга заштита на слухот често го спречуваат тинитусот, кој инаку би бил предизвикан од прекумерната бучава. Секогаш треба да носите заштита на слухот кога сте изложени на гласен звук, дури и ако звукот ви е пријатен. Оштетувањето на слухот на повисоки фреквенции е често безболно, а најчест резултат е тинитусот. Треба исто така да се има предвид дека оштетувањето на слухот и тинитусот можат да настанат постепено, со текот на времето, доколку често се изложувате на прекумерна бучава. Но, можат да настапат и по само еден инцидент при изложеност на екстремно силен звук.

Други причини за тинитус:

Потрес на мозокот

Големи дози на одредени лекови

Стрес

Насобрана ушна маст

Инфекции на средно уво

Процесот на стареење

Мениерова болест

Траума на главата

Перилимфна фистула

Одредени видови на тумори

Дисфункција на зглобот што ја поврзува вилицата со коската под увото

 

Преземено од: https://www.hear-it.org/causes-of-tinnitus

FaLang translation system by Faboba

Copyright © 2016 Sluh 1 . All rights reserved.   developed by infinitysolutions