Да започнеме
Сигурно сте се запрашале што се случува за време на консултациите. Со цел да се спремите за вашата прва посета би сакале да ви дадеме неколку важни информации во врска со тоа.
Испитување
За почеток ќе бидат накратко прегледани вашите уши со цел да се види дали постои церумен или некоја инфекција во ушите.


Тестирањето на слухот, односно правењето на аудиограм кој покажува дали и колкаво оштетување имате , трае 15 минути. Ќе ви бидат поставени слушалки и ќе ви бидат емитувани секвенци од тонови, некои погласни, некои потивки. Единствено што треба да направите е да дадете сигнал кога ќе го слушнете тонот.
По испитувањето на слухот,специјалистот ќе ви каже повеќе за вашиот слух и оштетувањето на слухот и какви решенија постојат и се најсоодветни за вашето оштетување.
Избирање на слушно помагало
По завршувањето на консултацијата, експертот ќе ви ги објасни сите опции и решенија кои се достапни за вашето оштетување. Ќе биде прикажан избор на слушни помагала кои се најсоодветни за вашето оштетувањето на слухот. Исто така, ќе ви бидат објаснети разликите и предностите на производите.

СЛЕДЕН ЧЕКОР:
Подесување на вашето ново слушно помагало
PPhonak е глобален лидер во развојот на решенија за оштетен слух. Со нашите постојани напори за изнаоѓање на нови решенија, ние успеавме да постигнеме највисока стапка на иновација во индустријата.
Дознајте повеќе за Phonak слушните помагала.
Phonak слушните помагала се подесуваат спрема вашите индивидуални потреби, но сепак, тие треба да бидат оптимизирани за да бидете сигурни дека ќе останете вклучени, каде и да се наоѓате.