Јавете се веднаш на +389 2 307 60 61

ЗАШТИТА ЗА УШИ ЗА МУЗИЧАРИ

 

Не постои поголемо задоволство од создавањето музика, зкукот на гитарата, ударот на тапанот, басот, присувството на сцена или во студио, ве прават да се чувствувате посебно, без разлика дали тоа го правите сами, во група или како дел од оркестар. Може да бидете професионален музичарили аматер, но чувството на создавањето на музиката е подеднакво важно и возбудливо. И секако потребна е јачина на звукот.

Ние препорачуваме употреба на добра заштита на слухот. Удирањето на тапани лесно може да произведе звук со јачина од 100 децибели. Доколку изложеноста е подолго од седум минути , ризикувате од значително оштетување на слухот. Со оглед на тоа што увото е најважниот дел од телото на секој музичар , од витално значење е да му се даде дополнителна заштита.

За жал, кај многу професионални музичари веќе постојат трајни оштетувања на слухот. По една турнеја , Ерик Клептон бил навистина глув за одредено време. И Иан Мекеј, техничар во придружба на бендот Motörhead во едно музичко списание изјавил: „Сум видел луѓе во предниот дел на сцената изместени од болка“. Јас дури морав да ја напуштам салата , бидејќи имав чувство дека моите органи се уништени“ ! А ова е нешто што сигурно не посакувате да ви се случи.
Заштитата за уши за музичари се специјални силиконски тампони со три вида филтри кои го заштитуваат слухот од преголемата изложеност на гласна музика. Наменети се за сите слушатели на музиката, за ДЈ-и и професионални музичари.

 

ЗА ОРКЕСТАР

ЗА ТАПАНАРИ
ЗА DJ'S
ЗА ГИТАРИСТИ
ЗА ПЕАЧИ