ЗАШТИТА ЗА УШИ ПРИ ПАТУВАЊЕ
Колку и да е пријатно или возбудливо патувањето, секој искусен патник знае дека притисокот во ушите при полетување или слетување на авионот може да биде многу непријатно па дури и болно. При долгите летови, постои константен монотон звук кој исто така може негативно да влијае на слухот. Тука спаѓа и дополнителната бучава која ја предизвикуваат патниците и можат значително да го намалат уживањето во патувањето.
И за време на самиот престој, постојат низа фактори кои можат да го попречат вашиот комфор, како гласната музика, силниот тресок на вратите од хотелските соби, гласот на телевизорите пуштен сосема јако, бучава од соседните соби и слично.
Заштита за уши наменети за патување содржат специјални филтри кои ја намалуваат бучавата и притисокот во ушите кој настанува во текот на летот. Тие се силиконски,долготрајни и прилагодливи за секој ушен канал.
Доколку сакате да бидете сигурни дека ќе имате безгрижен одмор и удобен лет обезбедете ги своите тампони за заштита на слухот навреме.
