Јавете се веднаш на +389 2 307 60 61

 

ЗАШТИТА ЗА УШИ ПРИ РАБОТА

Секојдневно во нашите домови или дворови извршуваме многу активности и размислуваме за нашата безбедност употребувајќи соодветни ракавици, сигурносни чевли и заштитни очила. Затоа употребата на тампони за заштита на слухот ја зголемуваат безбедноста. Еден пример е бушењето, кое создава јачина на звук од 110 децибели. Толку јак звук по само 5 минути може да предизвика долготрајно оштетување на слухот.
Во Р.Македонија , „Службен весник на Р.М.“бр.21 од 12.02.2008 година, а врз основа член 47 од Законот за безбедност и здравје при работа („Службен весник на Република Македонија “бр.92/07), министерството за труд и социјална политика донесе „Правилник за безбедност и здравје при работа на вработените изложени на ризик од бучава“. Задолжително е работодавците да обезбедат заштита на слухот доколку вработените се изложени на бучава која надминува 80 децибели.

Се разбира, тие правила не важат за работите врзани околу домот. Сепак, се препорачува и во домашни услови да се носат тампони за заштита на слухот . Трајното оштетување на слухот не се случува одеднаш, туку се одвива постепено. Пред да станете свесни за тоа , ќе забележите потешкотии во следењето на разговорите како и потреба од зголемување на јачината на звукот од телевизорот.
Тампоните за уши наменети за заштита при работа содржат специјални филтри кои ја намалуваат бучавата и штитат од губење на слухот од силните звуци. Тие се силиконски,долготрајни и прилагодливи за секој ушен канал.