Јавете се веднаш на +389 2 307 60 61

SYNCHRONY кохлеарен имплант

3.0 Tesla MRI—Without Magnet Removal

SYNCHRONY е најновиот кохлеарен имплант  на австрискиот производител MED-EL  кој поседува  извонредни перформанси, извонредна сигурност, и неспоредлива  сигурност при магнетна резонанца.( MRI )

1. Сигурност при магнетна резонанца

SYNCHRONY  поседува исклучително безбеден имплантен магнет кој  овозможува најголема сигурност при магнетна резонанца  од било кој кохлеарен имплант досега. За разлика од другите кохлеарни импланти, со SYNCHRONY нема потреба од  хируршко отстранување на магнетот  при магнетна резонанца  со висока резолуција 3.0 Тесла. Имплантниот магнет на SYNCHRONY може слободно да ротира и самостојно да се поддесува во куќиштето, затоа не е под влијание на магнетното поле од  магнетната резонанца

2. Најмалиот титаниумски имплант

SYNCHRONY кохлеарниот  имплант  е најмалиот,најтенкиот и најлесниот кохлеарен имплант досега, што го прави идеален избор  дури и за најмладите кандидати. Имплантите на MED-EL , направени од траен титаниум,  се импланти со докажана извонредна сигурност. 

3. Докажана  стабилност

И покрај сите активности и големата динамика на корисникот, кои некогаш носат и непријатности како падови, удари и други несакани физички повреди,  кохлеарниот имплант останува во целост недопрен. SYNCHRONY кохлеарниот  имплант , со  големина од 1,4 мм, поседува титаниумски иглички дизајнирани да обезбедат одлична стабилност, долгорочна безбедност и сигурност на имплантот.

4. Флексибилни електроди

MED-EL  нуди најширок избор на меки, флексибилни електроди, со цел да се обезбеди оптималното  решение за секој кандидат.

5. Вистинскиот избор за секоја  кохлеа

Електродата на кохлеарен имплант е дел што нежно се вметнува во кохлеата. Електродите на MED-EL имаат најмеки и најфлексибилни електродни низи, со цел да се зачуваат деликатните кохлеарни структури и остатокот од слухот. Спектарот на кохлеарни структури е огромен, па затоа електродата е прилагодена индивидуално на уникатните потреби на корисникот. MED-EL нуди најширок избор на електроди за да се осигура дека за секоја кохлеа има избор на оптимално решение.