Јавете се веднаш на +389 2 307 60 61

Како е да живееме со лице со оштетување на слухот?

Како е кога живееме со некој што има оштетување на слухот? Кога живееме со партнер кој има оштетување на слухот потребно е заемно да создадеме нови навики и прилагодувања за комуникацијата да се одвива лесно. Не е доволно само да бидеме запознаени со ситуацијата и со основите насоки на комуникација со лице со оштетен слух, како што е на пример, да му обрнеме внимание пред да разговараме со него. Прочитајте ги советите за тоа како да ја подобрите секојдневната комуникација со лице со оштетен слух.

Создајте нови навики на комуникација

Потребно е време да се создадат нови навики во комуникацијата. На пример, природно ни доаѓа, без разлика дали имаме оштетување на слухот или не, да се довикуваме или да зборуваме со партнерот кога сме во друга соба или, пак, да кажеме нешто на поминување. Затоа постојано треба да имаме на ум дека комуникацијата треба да се одвива додека сме во истата соба.

Друга навика за која е потребно постојано потсетување, е поставеноста на рацете додека се зборува, на пример, во ситуации кога се јаде и зборува. Устата секогаш треба да биде прегледна кога комуницираме со партнер кој има оштетување на слухот.

Кажете му на партнерот кога сте ги исклучиле слушните помагала

Да се слуша со слушни помагала и да се носат постојано преку целиот ден знае да биде заморно и да иритира, особено после долгиот работен ден. Малите моменти на тишина што ги одмораат ушите, обично се добредојдени за лицата со оштетен слух. Но ова може да биде фрустрирачки за партнерот, доколку не е свесен за тоа. Затоа најдобро решение за ова е лицето со оштетен слух да му каже на партнерот кога ги исклучува слушните помагала. Или, пак, слушните помагала да ги исклучува на пократки паузи во текот на денот, за да не се почувствува подолг прекин во комуникацијата.

Уживајте во позитивните страни!

Несомнено постојат и позитивни страни во ваквата комуникација. На пример, да се прават активности кои во спротивно би носеле до нервоза или кавга меѓу партнерите, како што е правењето на бучни активности, наспрема активности кои бараат тишина. Во овие случаи, неносењето на слушните помагала би ни дозволило да седиме во истата просторија и да не си сметаме во секојдневните активности кои ни носат задоволство.

Она што е најбитно е да се трудиме да бидеме посвесни во секојдневната комуникација и секогаш да имаме на ум дека се потребни постојани потсетувања за да се создадат новите навики на комуницирање. Трпението и разбирањето се клучни за одржувањето на непречена и ефективна комуникација и одржлива врска меѓу партнерите.

 

FaLang translation system by Faboba

Copyright © 2016 Sluh 1 . All rights reserved.   developed by infinitysolutions