Јавете се веднаш на +389 2 307 60 61

Одржување на слушните помагала во летната сезона

Летото конечно пристигна, а тоа значи патување на одмор, капење, сончање, забавување, и многу други активности! Еве неколку совети за правилно одржување на Вашите слушни помагала во текот на летниот период:

Совет # 1: Заштитете ги од влага                                                                                                                                                                                                     Влагата е еден од најголемите непријатели на слушните помагала. 
Потта и водата можат да влијаат на малите делови во внатрешноста на Вашето слушно помагало, па препорачливо е со Вас секогаш да носите меко, суво марамче за да се избегне влагата. При секое носење на слушното помагало, нежно и внимателно избришете го и повторно поставете го на уво или во Вашата футрола за чување. Дури и ако Вашето помагало е водоотпорен модел не заборавајте да го отстраните од Вашето уво при влегување во вода.

Совет # 2: Заштитете ги од бактерии
Нивото на влажност во летните месеци овозможува подлога за полесно намножување на бактериите и габите. Затоа е препорачливо да се одржува поголема хигиена на ушите и на слушните помагала во летниот период.

Совет # 3: Подгответе се за патување
Не дозволувајте оштетувањето на слухот да влијае на Вашиот летен одмор! Навремено обезбедете се со батерии и други додатоци кои се потребни за Вашиот слушен апарат и доколку патувате со авион , остранете го Вашиот слушен апарат само кога поминувате низ безбедносните детектори , додека за време на летот можете слободно да го користите.

Совет # 4: Избегнувајте високи температури
Не го оставајте Вашето слушно помагало под директна сончева светлина или на високи температури, бидејќи топлината може да го оштети. Чувајте го на суво место и на собна температура кога не го употребувате. Кога сте надвор, пожелно е да носите капа која ќе прави сенка од сончевата светлина или периодично отстранувајте го помагалото од увото. 

Доколку имате дополнителни прашања или Ви се потребни совети за одржување на Вашите слушни помагала во добра состојба за време на летните месеци, контактирајте го Вашиот специјалист за слушни помагала.

 

Ви посакуваме добар одмор и многу забава !!!

FaLang translation system by Faboba

Copyright © 2016 Sluh 1 . All rights reserved.   developed by infinitysolutions