Јавете се веднаш на +389 2 307 60 61

ПРЕДНОСТИ ОД НОСЕЊЕ НА ДВЕ СЛУШНИ ПОМАГАЛА

Со губење на слухот на двете уши, квалитетот на звукот станува значително помал, потешко е да се лоцира изворот на звукот и да се разбере говорот. Центарот за слух  во мозокот се потпира на два независни „микрофони" - ушите.

 Ако само едно уво функционира правилно, ќе се соочите со недоволна разбирливост на говорот во бучни средини како и потешкотии во лоцирањето на насоката од која  доаѓа звукот. Ова значи дека е препорачливо да се носат слушни помагала на двете уши,  подесени според оштетувањето на Вашиот слух.

Потребни  се две уши за да се разликува говорот од бучавата

Потребни  се две уши за да се лоцира изворот на звукот

Потребни  се две уши за природен звук

Слушање со двете уши значи повеќе самодоверба и подобар квалитет на живот

Слушните помагала од швајцарскиот производител Phonak , поседуваат технологија која е насочена кон  подобрување на слушањето  во  бучни средини и разбирливоста на говорот, ставајќи крај на честите жалби:

  " Слушам, но не разбирам !"

 

Кои се предностите од носење на две слушни помагала?

 

 1.Лоцирање на звукот

Способноста да се лоцира звукот зависи од две уши кои правилно функционираат. Како би знаеле од која насока доаѓа автомобил? Звукот стига за неколку микросекунди побрзо до она уво што е поблиску, и со малку поголем интензитет, додека да стигне до другото уво. Овие разлики во сигналот,  пренесени од увото до мозокот,  ни овозможуваат  да донесеме важна  одлука во врска со точната локација на возилото. Кога едното уво функционира подобро од другото, не можеме точно и брзо да ја утврдиме насоката од која доаѓа звукот.

2.Разбирање на говорот во бучна средина

Слушање со две уши овозможува потиснување на  бучавата од  заднината, со што говорот станува поразбирлив. Нееднаквото  слушање на  левото  и десното уво е голем недостаток  во бучни средини. Ова најмногу се чувствува кога неколку луѓе зборуваат одеднаш, како на пример при средби со семејството, пријателите и колегите од работа. Најчесто, овој тип на комуникации се одвиваат во бучна средина. Со две слушни помагала  се зголемува разбирливоста на говорот во бучна средина.

 3.Слушање со соодветна јачина на звук

Еден звук емитуван на двете уши е погласен  од истиот звук, со истиот интензитет, емитуван  само на едното уво. Ова значи дека корисникот на две слушни помагала  може да ја намали или зголеми јачината, што резултира со попријатно слушање, поголем квалитет на звукот, истовремено отстранувајќи  ги звуците од заднината.

4.Едвакво слушање од двете страни

Носењето на две слушни помагала дава максимална можност да се одговори точно и самоуверено, без разлика дали разговорот доаѓа од левата или десната страна.

5.Поквалитетен звук

Носењето на слушни помагала на двете уши овозможува поприроден квалитет на звукот, помал напор во слушањето како и поголема способност да се слушне и одговори правилно во бучна средина. Научните  истражувања, како и индивидуалните искуства,  потврдуваат  дека повеќето луѓе со оштетен слух на двете уши ,  имаат поголема корист од носење на две слушни помагала, дури и ако оштетувањето на слухот е мало. Но, секако постојат и исклучоци  за кои само Вашиот специјалист за слушни помагала  може да Ве советува.

FaLang translation system by Faboba

Copyright © 2016 Sluh 1 . All rights reserved.   developed by infinitysolutions