Јавете се веднаш на +389 2 307 60 61

Подгответe ги вашите уши за пролетта

Пролетта носи многу убави нешта, како цутот на цвеќињата, мирисот на тревата, црцорот на птиците, како и огромен број на надворешни активности. Но, исто така, носи и промена на температурата и притисокот во воздухот кои можат да предизвикаат потешкотии на вашите уши и да придонесат за нарушување на слухот.

Повеќе: Подгответe ги вашите уши за пролетта

Совети за одржување на слушните помагала во зимскиот период

Слушните помагала не се подложни на оштетување од ниски температури, тие функционираат дури до неверојатни -40 степени целзиусови. Студеното време и ниските  температури, директно не претставуваат проблем , но наглите промени во температурата можат да доведат до кондензација и да ги оштетат помагалата. Промените во температурата резултираат со акумулирање на влага во внатрешноста на слушното помагало, и за разлика од очилата, кондензацијата во внатрешноста на слушниот апарат не е толку едноставна да се отстрани.

Повеќе: Совети за одржување на слушните помагала во зимскиот период

ТИНИТУС (ЗУЕЊЕ ВО УШИТЕ)

Стотици милиони луѓе во светот се соочуваат со состојба на тинитус или зуење во ушите.Чувството го опишуваат како постојано зуење,ѕвонење, свирење,пулсирање, вода или бранови од вода, па дури и константен звук на музика во ушите, кои не се поврзани со надворешни звуци.

Повеќе: ТИНИТУС (ЗУЕЊЕ ВО УШИТЕ)

Како слушалките го оштетуваат слухот

There is no translation available.

Верувале или не, слушалките за музика кои влегуваат директно во ушниот канал може да го оштетат  вашиот слух на ист начин како јачината на звук од моторна пила и мотоцикл. Тоа можеби делува чудно бидејќи слушалките се многу мали, но јачината на звукот е толку голема што може да предизвика трајно оштетување на слухот.

Повеќе: Како слушалките го оштетуваат слухот

Зошто децата треба да носат разнобојни слушни помагала

Дали сте знаеле дека слушните помагала доаѓаат во огромен спектар на бои?

 

Доколку сте родител на дете со оштетен слух, треба да знаете дека изборот на слушно помагало не е секогаш бежова, црна или кафена боја. Куќиштата на слушните помагала, индивидуалните влошки и хорните на слушните помагала се достапни во најразлични бои, кои можат да се комбинираат во зависност од желбата на корисникот.

Повеќе: Зошто децата треба да носат разнобојни слушни помагала

10 Заблуди за луѓето со оштетен слух

There is no translation available.

Губењето на слухот понекогаш се нарекува „невидлива попреченост“, бидејќи е состојба која ретко се забележува и за која не се зборува често јавно. Но,постојат многу заблуди за луѓето со оштетен слух, еве неколку од нив:

Повеќе: 10 Заблуди за луѓето со оштетен слух

СОВЕТИ ОД КУПИДОН ЗА ДОБРО СЛУШАЊЕ НА ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ

Овој ден на вљубените ,вложете малку напор во зајакнување на вашите комуникациски вештини и прославете го со особата која ви е посебно драга. Изберете посебно место, каде вашиот партнер нема да се грижи за преголемата бучава, особено ако тој/таа има оштетен слух.

Денот на вљубените треба да биде романтичен, па затоа имајте ги на ум следниве совети:

Повеќе: СОВЕТИ ОД КУПИДОН ЗА ДОБРО СЛУШАЊЕ НА ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ

Превентивни чекори за заштита на слухот

There is no translation available.

Постојат неколку превентивни чекори со кои можете да го спречите оштетувањето на слухот предизвикано од прекумерна бучава, како и да избегнете влошување на состојбата кај оштетувањето на слухот кое настанува со природниот процес на стареење.Тие чекори се следните:

Повеќе: Превентивни чекори за заштита на слухот

КАКО ДО БЕСПЛАТНО СЛУШНО ПОМАГАЛО

Фондот за здравствено осигурување на Р.Македонија му овозможува на секој осигуреник да подигне слушно помагало кое е целосно на терет на фондот.

На секои 5 години секој осигуреник има право на едно слушно помагало , кое го подига од специјализирана продавница за слушни помагала и кое е дигитално и се подесува индивидуално според оштетувањето на слухот. Со исклучок  на децата до 18 годишна возраст на кои им следуваат две слушни помагала на секои 2 или 3 години, во зависност од возраста.

Повеќе: КАКО ДО БЕСПЛАТНО СЛУШНО ПОМАГАЛО

Што се кохлеарни имплантни системи и за кого се наменети

There is no translation available.

Што се кохлеарни имплантни системи

Кохлеарни имплантни системи се единствените медицински уреди способни да заменат сетило. Тие им овозможуваат на луѓето со целосна глувост и тешко оштетен слух да слушаат. Работат на тој начин што ги заобиколуваат оштетените и нефункционални делови на внатрешното уво и обезбедуваат електрична стимулација директно на нервните влакна внатре во кохлеата. Тие се електронски уреди кои ги конвертираат акустичните звуци во електрични импулси кои директно го стимулираат аудитивниот нерв. Импулсите ги стимулираат аудитивните клетки кои претставуваат различни звуци на говор. Вашиот аудитивен нерв носи сигнал до мозокот, кој го препознава како звук. Кохлеарните имплантни системи се состојат од два дела: надворешен дел кој се вика аудио процесор и се поставува позади увото и внатрешен дел кој се вика кохлеарен имплант и кој хируршки се поставува под кожата.

Повеќе: Што се кохлеарни имплантни системи и за кого се наменети

FaLang translation system by Faboba

Copyright © 2016 Sluh 1 . All rights reserved.   developed by infinitysolutions