Јавете се веднаш на +389 2 307 60 61

Слушното помагало е личен додаток

Подесувањето на слушното помагало се одвива во неколку чекори.
Секој слушен апарат се подесува според оштетувањето на слухот на корисникот,
според неговиот ушен канал, и стилот на живеење.

Запознајте го вашето слушно помагало

Откако специјалистот ќе ги подготви вашите слушни помагала, тој ќе ги постави во/на вашите уши и компјутерски ќе ги подеси според вашето оштетување. Потоа ќе ви биде детално објаснето како да го користите слушното помагало, како да го поставите, како да го појачувате звукот, како да го одржувате, како да ги заменувате батериите и како да го чистите помагалото. На крај, ќе ви биде објаснето како слушното помагало реагира во различни ситуации.

Првите денови со вашето ново слушно помагало

Првите денови,треба да се запознаете со вашите слушни помагала.Најпрвин, треба да ги носите по неколку часа во денот,во познати опкружувања.Некои работи може да ви делуваат чудно за тоа време.Најдобар начин е да почнете со разговори во домашна средина или со гледање телевизија.Вашиот глас може да ви делува чуден или премногу гласен за вас ,бидејќи сте создале навика да зборувате гласно со цел да го слушнете.Вежбајте да зборувате потивко.Запишете ги вашите забелешки, тие ќе му помогнат на вашиот специјалист подобро да го подеси слушниот апарат.

Последно подесување од страна на вашиот специјалист за слушни помагала

Сега ќе имате можност да разговарате со вашиот специјалист за вашето прво искуство со слушното помагало. Тогаш вашето помагало ќе биде подесено за сите ваши потреби.Ќе ви бидат одговорени сите прашања и ќе ви биде даден совет од страна на специјалистот.Вашето помагало може да биде подесено со цел да го подобри вашиот комфор и разбирливост на говорот.

Во оваа фаза, веќе сте во можност да ги почувствувате секојдневните промени во квалитетот на вашето живеење. Продолжете да го користите вашиот слушен апарат по неколку часа дневно. Не брзајте. Ќе научите како најдобро да го користите и наскоро ќе ги почувствувате сите бенефиции кои тоа ги нуди.

 

FaLang translation system by Faboba

Copyright © 2016 Sluh 1 . All rights reserved.   developed by infinitysolutions